Пејачката Радмила Манојловиќ се подготвува за настап, но пред тоа им испрати поздрав на обожавателите на Инстаграм
Таа ги изненади сите со својот провокативен имиџ, а дамите посебно ја коментираа нејзината шминка. Таа го истакна своето секси деколте во црн фустан од тантела, а нејзината убава фризура и шминка ги натераа обожавателите да и испорачаат многу лајкови и комплименти.
Инаку, Рада неодамна се најде во центарот на вниманието поради скандал. Низ медиумите се шушкаше дека нејзиниот долгогодишен избраник Харис Берковиќ ја изневерил и дека го исфрлила од станот, но и дека посегнала да користи таблети. И по низата шпекулации и приказни за нивниот однос и раскинување, се огласи Харис кој во последно време се поправи и качи неколку килограми, што е својствено за мажи кои се во стабилна врска.
Тој на прашањето дали тоа и пречи на Рада одговори дека пејачката сега за сега го поднесува таков каков што е и дека кај нив нема проблеми.
„Кај нас се е во ред. Живееме заедно.“
Тој со ова стави точка на приказните што кружеа, а дали тоа значи дека Рада наскоро би можеле да ја видиме во венчаница останува да видиме.
Сепак едно е сигурно, а тоа е дека Рада Манојловиќ обожавателите ќе можат да ја видат и на големиот концерт што деновиве го најави Ана Бекута. Концертот е најавен за 25 октомври во Сава Центар во Белград.
Покрај Рада на концертот на Бекута ќе гостува и Александра Младеновиќ.