News

Премиерот Зоран Заев: „Собранието треба да ја следи мнозинската одлука на граѓаните“

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, на денешното гласање изјави дека е убеден дека големо мнозинство граѓани ќе гласаат „за“, со што ќе се отвори патот за пристапување на Македонија кон НАТО и Европската унија.

„Верувам дека огромно мнозинство ќе го поддржи ова, бидејќи повеќе од 80 отсто од нашите граѓани се за Европската унија и за НАТО“ – рече Заев.

Тој додаде дека очекува Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која, според него, денес ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја. Инаку, според податоците Државната изборна комисија најголема излезност до 17 часот има во општина Сарај каде што на гласање излегле 16.867 гласачи или 54,21 проценти од граѓаните со право на глас. Зад неа се општина Липково со излезност од 41,56 отсто и Центар со 40,67 отсто.

Најмала излезност има во општините Ново Село каде што излегле само 13,80 отсто од граѓаните со право на гласи и Илинден со 14,47 отсто.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close