Кучињата многу често прават урнебес по дома, а овој цар со своето однесување успеа да ги насмее сите, но и да ги импресионира луѓето ширум светот.
Имено, Маршал на кратко избега од дома, што не е страно за оваа раса, а потоа откако ќе си поиграат малку надвор, реши да се врати дома. Но тогаш направи нешто импресивно. Имено, тој дословно заѕвони на вратата, а тоа го направи, како што објасни сопственикот, така што со муцката го притисна ѕвончето.
Видеото на кое ова куче се обидува да влезе повторно во својата куќа досега го погледнале огромен број луѓе на интернет, а сите се согласуваат дека Маршал е едно преслатко мало паметно кученце.
„Добар дечко, кој нему не би му ја отворил вратата“, се запраша и коментираше еден корисник на социјалните мрежи.