Stars

Фахрије и Бурак очекуваат бебе?

Брачниот пар Озчивит очекува бебе! Турските медиуми ја објавија веста дека Фајхрије веќе два месеци е трудна.

Неколку турски новински извори како и телевизиски шоу програми деновиве ја пренесоа веста дека Фахрије Евџан е бремена. Парот кој повеќе од година дена е во брак, а цели 4 години во врска, очекува бебе. Како што пренесуваат медиумите Фахрије и Бурак кои веќе подолго време сакаат да имаат дете добија потврда и од докторите дека убавата актерка е бремена.

Фахрије наводно заплакала од среќа кога ја слушнала веста.

Инаку, ова не е прв пат медиумите да пишуваат дека еден од најубавите и најпознатите турски парови очекуваат бебе.

Така беше и минатата година кога Фахрије со една своја изјава ги поттикна гласините дека можеби е бремена,

Имено, таа изјави дека нема намера да снима серија и дека сака да направи пауза, а оваа изјава предизвика сомнеж дека разлогот за нејзината пауза е можната бременост.

Тогаш се појавија и информации од нејзината блиска околина кои потврдија дека парот очекува бебе, но очигледно дека веста не беше точна. Но дали и сега станува збор за шпекулација или не, наскоро ќе дознаеме…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close