Stars

Турски актер на кој и Бали-бег може вода да му носи: „Мојата баба е од Македонија. Моите корени се од таму“

Еден од најпознатите турски актер по кого жените во Турција се луди, откри за него досега непознати детали.

Имено, во прашање е згодниот актер Џан Јаман кој за турските медиуми призна дека отсекогаш го привлекувале убавите девојки, но и тој нив и дека глумата му била страст од најмали нозе. Тој во хороскопски знак е Шкорпија и според него оние што не поседуваат сексуална енергија се несреќни луѓе. Но тоа е типично за овој хороскопски знак, но и за секој здрав човек.

Покрај ова, Џан за турскиот Хуриет изјави нешто што особено ќе им се допадне на нашите љубителки на турските серии. Имено тој за познатиот турски магазин изјави дека неговата баба била од Македонија.

„Ние одамна сме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати, но корените ми се од Македонија, од таму е баба ми“, вели тој зa еден од најпознатите турски портали.

На прашањето какви жени му се допаѓаат, тој вели дека нема одреден тип на жени, туку дека го привлекува нејзината аура, душата, нејзината смисла за хумор. Го привлекуваат жени што се смеат на женствен начин…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close