Lifestyle

Не можел да ја задоволи во кревет бидејќи бил премногу дебел, па сопругата го оставила – но денес има тело на кое многумина му завидуваат

Животот понекогаш ни носи чудни изненадувања.

Денес сме на дното, но утре можеме да бидеме на врвот. Истото му се случило и на 38-годишното момче Стивен Ринго, по професија софтверски инженер, кој решил да започне битка против вишокот килограми, бидејќи истите му го уништиле бракот. Всушност, тој бил премногу дебел за да може да има секс со својата сопруга. Дури и наједноставните секојдневни работи нему му претставувале потешкотија, а не пак активностите во спалната соба.

Па, врз основа на оваа ситуација, во јануари 2016 завршил неговиот брак. Тогаш тој решил да си прознае себеси во каква состојба се наоѓа и какво е неговото здравје, па ја донел една од најголемите одлуки во животот – да започне со комплетна трансформација.

Така, за само 2 години ослабнал ДУРИ 100 килограми.

-Реално е да се каже дека мојата тежина го уништи мојот брак. Тоа беше пресуден фактор, мојот однос со сопругата се влоши кога се здебелив. Станав депресивен, интимата меѓу нас опадна, а моите килограми го “закопаа” нашиот сексуален живот, ја започнал својата приказна Стивен од Тенеси.

Реалноста “се урнала над него” во текот на празниците во 2012. година, кои ги минал со сега веќе поранешната сопруга во Њујорк.

-Кога сте во Њујорк, осудени сте на многу одење. Морав да одмарам на секои половина час. Се чувствувал како подвижен неуспех, рекол тој, додавајќи дека живеел на брза храна, и дека речиси секојдневно ручал и вечерал во “McDonalds”, а еден негов оброк се состоел од два големи хамбургери, два големи помфрита, два газирани пијалоци и 20 пилешки стапчиња.

Во октомври 2016. година Стивен решил да тргне во теретана, што за него било одвратно искуство – дури тогаш сфатил до каде дошло неговото прејадување. Сепак, не се откажал – вежбал секој ден, а вовел и своевиден пост во текот на денот. Всушност, јадел само во период од 5 попладне до 9 навечер.

Неговата исхрана вклучувала една јаболка, а потоа мисирка и боранија. Потоа јадел две шолји пуканки и сладолед со ниска масленост, а како што вели самиот, и ден денес се храни на ист начин. Сега самодовербата му е на многу повисоко ниво, но и понатаму не прифаќа да излегува со нови жени.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close