Lifestyle

Со детето мрзневме во кола бидејќи татко му беше пијандура и мораше да се допие со другарите

Уште еден упропастен викенд, којзнае кој по ред и којзнае уште колку такви ќе има дури не одлучам да му ставам крај на овој брак. Детето ми е три години, а во брак сем четири години. Мојот посилен пол ме третира како приврзок кој треба да виси на закачалка и да ги исполнува неговите желби.

Викендов беше убав и сончев, па во саботата Игор ми предложи да одиме кај некој негов другар во Визбегово, кај што тој градел куќа. Таму беа уште две пара и плус двајца мајстори кои нешто работеа. Почна убаво, ние жените направивме салата, мажите се фатија за скарата, седнавме, јадевме.

Потоа ние раздигавме, а мажите си пиеја шприцер и се однесуваа како денот само што не започнал, а веќе беше 16 часот. Две од жените успеаја да ги наговорат сопрузите да станат, едниот пар имаше и мали дечиња како моето и си заминаа. Почна да станува студено.

Неколку пати, за да не го срамам гласно, му пишав порака на овој мојов, да стане и да си одиме, ама се правеше дека не го гледа телефонот. Му реков и гласно: “Планираш ли да си одиме, на Бојан му е ладно и му се спие”. Сега уште малку, ми рече. Прошетав околу дворот, но проблем беше што куќата е во изградба и не можеше да се седне внатре. Навистина застуде времето.

Го потсетив вторпат Игор дека треба да си одиме, но тие веќе пееја песна, а им се беа придружиле и мајсторите, кои до тогаш работеа на куќата. Се изненадив кога забележав дека и домаќинката си пие шприцер и се забавува со мажите. Да не речам, ама ја презирав. Сто пати се покајав што не си отидов со пријателите ки порано си заминаа.

Не ми преостана ништо друго, туку да влезам во кола и да чекам. Бојан веднаш заспа, го покрив со една јакна која ја најдов во гепек и почнав да си ја сожалувам мојата судбина.

Така замислена и натажена сум задремала, кога се отвори вратата од автомобилот и влезе Игор. Видно потпијанет, веднаш почна да се расправа со мене како било некултурно од моја страна тоа што сум си влегла во кола. Тој, како да заборави дека имаме дете.

Понатаму да не ви раскажувам, кавга до дома, викање, и моја цврста одлука дека нема да дозволам повторно вака да си игра со мене. Ама и претходните одлуки ми беа цврсти… Незнам до кога ќе трае ова, него не му иде памет. Тој си се забавува, а јас морам да дремам и да ги исполнувам неговите желби. Ај викам ради детето, ама до кога?

Извор: Галама

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close