News

Малиот Душан (4) не ја издржа битката со болеста. Неговиот татко ги сподели најтажните вести: „Спиј, сине мој, доста се мачеше!“

Малиот Душан Тодоровиќ (4) чија борба за живот ја подигна цела Србија на нозе, ја изгуби битката со тешката болест во болницата во Барселона.

„Спиј.. Син! Доста се намачи, спиј мирно, доволно постигна во твојот живот. ШАМПИОНЕ“ напиша неговиот татко на социјалните мрежи.

Првите симптоми на неговата тешка болест беа забележани при крај на 2016 година кога преку анализа на крвната слика беше забележан пад на хемоглобинот. Педијатарите тогаш во стомакот на детето со допири открија туѓо тело, по што беше испратен на преглед во Белград. Со анализите што ќе ги направат подоцна на Душан му беше дијагностициран тумор.

По извршената биопсија, започна со хемотерапија во Белград, која резултираше со намалување на туморот, но само до одредена величина. Првата оперативна интервенција беше реализирана во експерименталната клиника „Свети Јуда“ во Мемфис (САД), а по операцијата лечењето беше продолжено во Србија, каде му беше направена трансплантација на коскена срж и спроведена хемотерапија, а потоа замина на лечење во Барселона.

Малиот Душан Тодоровиќ е роден на 21 06. 2014 во Белград.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close