Најновата песна на Наум Петревски е посветена на сите ловци и риболовци
Главен виновник за овој проект на познатиот пејач е неговиот голм пријател и познат скопски угостител Љупчо Стевковски – Труба. Тој во една прилика додека биле на дружба на Богомила му кажал на пејачот:
„Наум, досега имаш отпеано песни за сите Деспини, Јовани, за Лазарополе… мислам дека време е да отпееш песна и за нас. И ете сме денес, ја промовираме песната на чуварите на природата и планините, песната за сите ловци и риболовци.“ пишува порталот Вечер.
Инаку, ловот и риболовот на Наум му се пасија уште од детството кога заедно со неговиот татко одел на риболов. Токму и затоа тој како што вели самиот емотивно го доживува снимањето на песната „Сите ловци и риболовци“ во кои се гледаат прекрасните пејзажи во Македонија додека гласот на Наум ги редат стиховите што ќе ги воодушеват љубителите на ова хоби.