Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ пред неколку дена во селото Орловат го погреба својот татко, Милан Тошиќ.
Откако ја дозна тажната вест, Душко веднаш дојде од Кина за да го погребе својот татко во родното село Орловат. Тој најпрво од аеродромот замина кај својата мајка Николета и сестрата Катарина, а неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша стигна подоцна во Орловат заедно со нејзината мајка Дивна, нивните пријатели и менаџерот Зоран.
Таа цело време не се одвојуваше од сопругот и го држеше за рацете. Еден ден по погребот, ЈК се огласи преку Твитер каде на сите им се заблагодари за поддршката и утешните зборови.
„Ви благодарам добри луѓе на вашата поддршка и утешни зборови. Им благодарам на медиумите за културното и потресното известување од погребот на Милан, таткото на Душко“ напиша Јелена на социјалните мрежи, а обожавателите покрај утешните зборови и поддршка му порачаа на семејството Тошиќ да остане силно во овие тешки моменти.