Овие хороскопски знаци секогаш знаат да најдат дополнителен извор на пари, при што често уживаат во парите. Во продолжение дознајте кои се тие.
Девица: среќен ден: среда. Среќни броеви: 5, 14, 23, 32, 41, 50. Среќни бои: бела, жолта, сива, портокалова
Девицата е највреден и најразионален знак. Родените под овој знак се перфекционисти и знаат да делуваат разумно, па се барани за извршни позиции. Тие се уникатни и сосема различни од било кој друг. Имаат страшно многу позитивни квалитети, но и доста негативни карактеристики, кои се тешки за издржување. Тие се педантни и можеби за тоа понекогаш постои тенденција да бидат осудувани од другите. Тие сакаат да ги посочуваат грешките на другите. Тоа е длабоко прашање во нивната природа на перфекционисти. Ако трпите на критика за вас врската со Девица ќе е дури корисна, бидејќи ќе имаат мотивација да станувате сè подобри во секоја област. Но ако не паѓате на нејзините забелешки – ќе имате проблем.
Лав: среќен ден: вторник, петок, недела. Среќни броеви: 5, 14, 13, 32, 41, 50. Среќни бои: златна, портокалова, жолта, црвена
Лавот е единствен огнен знак на оваа листа. Родените во овој знак се природни лидери. Многу се храбри и успешни во секој проект, што им носи успех и на работен план, каде можат да заработат големи пари. Лавовите цврсто веруваат дека парите се тука за да им дадат се што тие заслужуваат, без разлика дали тоа ќе биде голема куќа, спортски автомобил или слично. Лавовите уживаат во превземање ризици, но само ако знаат дека шансите за да добијат се во нивна полза. Екстравагантност е средното име на лавот! Тие ќе најдат начин да направат пари, бидејќи со сигурно знаат и како да ги потрошат.
Бик: среќен ден: понеделник, петок, сабота. Среќни броеви: 2, 11, 29, 37, 56. Среќни бои: бела, зелен
Лицата родени во овој знак знаат да постават приоритети и добро се организираат, што ги прави сјајни работници во администрација. Никогаш нема да прекршат ветување поради што се доверливи партнери. Сепак, тие сакаат да живеат скромно и никогаш не се расфрлаат со пари. Попрво би штеделе, отколку да трошат и би инвестирале во профитабилен бизнис, отколку да фрлаат пари на луксуз.