„Тиквешки гроздобер 2018” беше најпосетен досега. Повеќе од 60.000 луѓе пробаа вино во градот на виновата лоза. Во музичкиот дел од годинашната манифестација, главна пејачка атракција беше српската турбо-фолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца, која успее да собере огромна публика.
За време на двочасовниот концерт на Ражнатовиќ, беше урнат рекордот на посетеност на градот, а градоначалникот Митко Јанчев ги открива деталите околу настанот, хонорарот за кој Цеца пееше во Кавадарци, и зошто токму таа ја имаше честа да биде музичката ѕвезда на гроздоберот. -Од месец февруари, па се до јуни се договараа деталите околу музичките гости. Значи, врз основа на анкети и предлози беа избрани учесниците. Секако, и според финансиските можности, односно сопред расположливите средства, и според слободните термини на музичарите – појаснува градоначалникот.
Хонорарот на Цеца бил покриен од страна на спонзори и изнесувал 39 илјади евра. Во таа сума биле вклучени и хонорарите на екипата на пејачката, превозот и целата организација околу нејзиниот настап. Цеца дојде со автобус, со екипа од околу 40 луѓе. Тие самите си организираа се што им беше потребно, сумата од 39 илјади евра не е само за неа, туку за целиот нејзин тим – изјави градоначалникот на Кавадарци.
Бидејќи таа беше една од поголемите атракции, ногу автобуси се упатија кон градот на виното и ракијата, а како сите така и главната ѕвезда. Иако можеби се очекуваше Цеца да пристигне со некој луксузен автомобил во Тиквешијата, таа од Белград допатува со автобус.
И по толку поминати денови, сѐ уште не тивнуваат реакциите околу настапот на најголемата Балканска турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, која беше главната музичка атракција на манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер 2018” во Кавадарци.