Летото полека заминува, а временските температури почнуваат да се менуваат. Јавните личности летниот период го искористија за да се одморат и да ги наполнат батериите за следните сезони.
Некои од нив се одлучија да заминат на море, некои беа во убавите краеви на Македонија, а некои во природа. На социјалните мрежи можевме да видиме разновидни летни фотографии направени на плажа.
Но, Ирена слободното време го искористие за летување со шатор, прошетка, планинарење и дружење со своите најмили. Тоа го практикува и до ден денес, па пред некој ден покажа дека знае да ужива во една прекрасна градина, а фотографиите ги сподели на социјалните мрежи.
Убава е, шармантна е, грациозна и секогаш насмеана. Многумина пораснаа со неа покрај малите екрани, започна како хонорарец во МТВ, продолжи да напредува во кариерата, и за наша среќа и ден денес ги краси малите екрани.
Нејзините почетоци беа во Македонската радио телевизија пред повеќе од 20 години. Над две децении Ирена Спировска е препознатливо ТВ лице. Нејзиниот стас и младешко лице е нешто на кое може да и позавидат и многу помлади колешки. За својата убавина во едно интервју таа изјави: Голема благодарноста до моите гени. Во моето семејство сите се младолики и на тоа најмногу се вадам, дури и ден денес. Но нормално е… секоја жена треба да ја негува својата убавина. До пред 8-9 години можеби не обрнував посебно внимание, меѓутоа од 30-тата година повеќе внимавам на храната и пијалаците што ги консумирам.
Таа има ќерка Зорица и изгледа дека таа и е доволна кога се работи за емотивната исполнетост.