На сите ни е познато едно од најгледаните македонски шоуа – „Еден на еден“, а со тоа и водителот Жарко Димитриоски, познат како Жаре.
Но, Жаре неодамна на социјалните мрежи објави една фотографија со која ги воодушеви пријателите. Имено, тој на фотографијата ја соблече маицата и позираше само во црвени бермуди и со шешир на главата, но еден друг детаљ од неговата фотографија го привлече вниманието на сите.
Имено, тој на фотографијата стои покрај скара и во рацете држи пиво додека внимава да не му изгорат ребрата. Фотографијата веднаш сопрба бројни лајкови и позитивни коментари, а Жаре под неа го напиша хаштагот #Чичкостоилко алудирајќи на култната сендвичара во центарот на Скопје која беше затворена пред неколку години, поради Скопје 2014.
Инаку, Жаре покрај својата емисија „Еден на еден“ во која досега се појавиле бројни познати личности, е креативен директор и на маркетинг агенцијата која го носи истото има како и шоуто.