Претстедателот Ѓорге Иванов заедно со својата сопруга Маја присуствуваше на приемот што Доналд Трамп го организираше за шефовите на делегациите на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Претседател и првата дама на Македонија позираа покрај претседател на САД и неговата сопруга Меланија. Фотографијата од нивната средба беше објавена на профилот на Facebook на Иванов.
Првата дама на САД беше облечена во елегантен црн капут стегнат со сатенски ремен и високи птоептици, додека првата дама на Македонија носеше креација во смарагдно зелена нијанса и впечатлив црвен кармин.
За време на престојот во САД, 54-годишната прва дама на Македонија посети детска болница во Мичиген. За оваа пригода, таа избра црно-бел фустан со должина до колена и црно сако додека целото издание го заокружи со елегантни црни чевли со ниски потпетици.
Па кое од овие две изданија на Маја ви се допаѓа повеќе?