Весело е во домот на познатата пејачка, но има и мали слатки проблеми
Сека Алексиќ во последно време се почесто објавува фотографии на својот Инстаграм од нејзиниот син од кои можеме да видиме дека познатата пејачка максимално му е посветена на семејството и на среќните семејни моменти. Благодарение на социјалните мрежи и желбата на Сека постојано да објавува фотографии можеме на момент да ја доловиме и ние атмосферата и да уживаме во неодоливите ситуации што познатата пејачка ќе ги забележи, а во кои главни јунаци се членовите на нејзиното среќно семејство.
Но овој пат Алексиќ ни прикажа еден момент кој многу мајки ќе ги потсети на нешто што е незаменливо.
Имено Сека како и сите мајки има проблем да го успие својот син, па така најпрво малиот Јаков кој веќе беше облечен во шарени пижамчиња мораше да гледа телевизија, а потоа како и секое дете, наместо да замине на спиење, мораше малку да им посвети внимание на своите играчки.
И на крај, кога сите се надеваа дека конечно ќе замине во креветчето, тој едноставно реши да не се предава. И тогаш, како што вели неговата мама, настана вистински хаос.
Инаку, Сека и нејзиниот сопруг Вељко Пиљкиќ, овој месец прославија осум години од нивниот брак. Тие се заколнаа на вечна љубов во 2010 година, а за нивната венчавка се зборуваше со месеци, па беше прогласена и за свадба на годината. Младата на церемонијата на која присуствуваа бројни познати личности промени дури шест невестински фустани.