Stars

Повторно почна да личи на себе – Ана Николиќ со нова фризура, но и значително ослабната

Време е да стави точка на лошите коментари и критики

Познатата пејачка Ана Николиќ одлучи да се врати на стариот изглед од пред бременоста. Бидејќи се поправи значително додека ја носеше во стомакот малата Тара, таа постојано беше во центарот на вниманието во јавноста и медиумите, но многу често и во негативен контекст.

Многумина и замеруваа за вишокот килограми, истакнувајќи дека не е нормално толку да се поправи и повеќе да не личи на себе.

Најверојатно затоа и ретко се појавува во јавност во последно време, но неодамна при едно интервју истакна дека прави се што е во нејзина моќ за повторно да се врати во старата форма – тренира редовно и внимава на исхраната како побрзо би се решила од вишокот килограми.

Трудот секогаш дава резултати

Имено, таа деновиве објави фотографија со која ги заинтригира нејзините верни обожаватели. Покрај тоа што има нова и тренди фризура, пејачката очигледно е и ослабена значително и сега повторно потсетува на онаа Ана од пред да се породи каква што ја знаат и сакаат сите.

Една друга Ана 

Инаку, Ана Николиќ и Стефан Џуриќ Раста пред нешто повеќе од месец дена во еден елитен хотел во Белград славеа крштевка и првиот роденден на ќерката Тара. На журката гостите ги забавуваше Тропико бенд и на неа беа присутни бројни познати личности од естрадата.

Еве како изгледаше Ана тогаш …

Фото: Инстаграм

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close