Lifestyle

Овој 104-годишен доктор од Јапонија дава совети кои ќе ви помогнат да живеете долг, среќен и здрав живот

Шигејаки Хинохара, 104. години стар доктор од Јапонија дава совети кои ќе ви помогнат да живеете долго и да уживате во секоја година од својот живот.

Неговите совети се бесценети и се познати ширум светот, а во продолжение ви прикажуваме некои од нив.

1. Одете по скали и носете ги своите работи Доктор Хинохара и понатаму прескокнува по две скали одеднаш додека се качува.

2. Не верувајте на се што докторот ќе ви каже или препорача Истражувајте, читајте и образовајте се. Не морате да верувате на се што докторот ќе ви каже.

3. Поделете со други се’ што знаете Доктор Хинохара годишно одржува околу 150. предавања во школи, деловни заедници…Предавањата често се за војна и мир. Вреди да се спомене и тоа дека за време на предавањето кое трае 90. минути тој цело време стои на своите нозе.

4. Не морате да се пензионирате Ако го сакате тоа што го работите не морате да одите во пензија.

5. Планирајте однапред Ако сакате да уживате во животот морате да имате распоред полн со различни договори, предавања, деловни ангажмани и слично. Доктор Хинохара планира да присуствува на Олимписките игри во Токио во 2020. година.

6. Не бидете дебели Доктор Хинохара зема 1 лажица маслиново масло, сок од портокал и кафе за појадок, колачиња и млеко за ручек и ориз, риба и зеленук за вечера.Два пати неделно јаде по 100 г. месо.

7. Енергијата не доаѓа од многу часови сон или добра исхрана, туку од добрите чувства. Ќе бидете посреќни и со повеќе енергија ако престанете да се обѕирате на временските ограничувања. Бидете како децата – забавувајте се се’ додека не почувствувате поспиеност или глад.

8. Прекрасно е да се живее долго Тој продолжува да оди на дежурства, волонтира, работи 18. часа дневно, седум дена неделно и ужива во секој момент на својот живот.

9. Пронајдете го својот идол Доктор Хинохара често се прашува што би направил неговиот татко во одредена ситуација.

10. Немојте премногу да се грижите, животот е непредвидлив Докторот бил киднапиран од страна на комунистичката Црвена армија кога имал 59. години. Четири дена минал на температура од 40. степени, врзан за седиште. Го фасцинира фактот како неговото тело го успорило ритамот за да се прилагоди на помалку храна и се останато.

11. Науката сама не може да им помогне на луѓето Докторот верува дека секоја болест може да се излекува и верува во единственоста на секое лице.

12. Не бидете луди по пари Докторот и тоа како е свесен дека ништо не може да понесе со себе кога ќе умре.

13. Болката е мистерија Ако сакате да заборавите на болката морате да правите нешто забавно. Докторот смета дека музиката и животните можат да помогнат да се ослободите од болката.

14. Бидете инспирирани Морате да пронајдете инспирација во светот, нешто што ќе ве мотивира. Него го мотивира песната „Abt Volger“ од Роберт Брунинг.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close