Тоше покрај ангелскиот глас, сите го памтат и по неговите зборови за славата, ѕвездите, жените, несебичното и постојаното давање помош на оние на кои што им е најпотребна во моментот.
Тоше е роден во Прилеп и првиот настап го имаше на Златно славејче. Почина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година.
Издвоивме некои негови изјави поради кои тој се издвои од другите и стана омилен пејач на овие простори.
За вистинските вредности
Парите не сакам да бидат пресудни во моментот кога ќе треба да бидам со жената на мојот живот. Јас сум свесен дека вистинските вредности сѐ помалку се ценат. Не знам зошто сум бунтовник без причина, но од друга страна така сум воспитан, знам кои се вистинските вредности и дур сум жив ќе ги ценам и единствено ќе ми бидат важни.
За пријателите
Секој слободен момент го користам во Крушево за дружење со старите пријатели. Тоа многу ме спушта на земја. Кругот на пријатели не ми е мал. Се трудам колку можам да ги негувам. Можеби не верувам во новостекнати пријателства поради неколку трауми кои ми се случија во животот во врска со тоа.
За политичките партии
Не пеам за партиите, тоа се проколнати пари.. Подобро парите што мислеле да ми ги дадат, да ги поделат на сиромашните.
За дарувањето
Незамисливо ми е некој што може да им даде на оние што имаат малку или немаат ништо ги затвора очите и не им ја дава раката.
Предупредување за младите
Бидете силни во сите погледи. Најголемата борба е борбата со самите себе. Издржете и ставете го на испит вашиот карактер. Не попуштајте на ништо.
За гордоста
Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене
Па Тоше, НИЕ се гордееме со тебе.. Но, и многу ни е тешко без тебе