Јелена Гербец е една од најатрактивните пејачки на естрадата „родена“ на сцената на српската Гранд продукција.
Таа и покрај тоа што постојано добиваше комплименти на сметка на својот изглед реши да ги зголеми градите, па пред четири години го направи тоа со хируршки зафат. Тогаш екипата на Папарацо ја забележа на Ада Циганлија каде ги покажа своите нови – за цели два броја поголеми гради на плажата.
Но само година дена подоцна сфати дека силиконските гради не и се потреби и дека и сметаат, па реши да ги отстрани.
„Точно е дека ги извадив силиконите и многу сум среќна заради тоа. Природата е закон, жими мајка. На туѓото тело не се навикнав ни по цела година. И сега ми е многу полесно. Не се плашам дека ќе бидам помалку атрактивна и занимлива за публиката, бидејќи кариерата НИКОГАШ не ја правев со моето деколте, туку со мојот глас и песните“, изјави Јелена тогаш.
На нејзините најнови фотографии на Инстаграм можете да видите дека пејачката и денес изгледа перфектно, па дури и подобро од тогаш.