Lifestyle

И јас госпоѓа да бидНам!

Ми раскажува мојата Аничка еднаш додека пиевме кафенце дека нејзината мајка отсекогаш била паметна жена.

„Ми вели мојата Дуја, му кажала на нејзиниот Миодраг да ја замени сијалицата во ходникот. Поминало година дена, тој не ја заменил сијалицата. Се препелкал по темница, се убивал од удирање во мебелот, но дури откако паднал преку комодата и го исчашил рамото, решил дека треба да ја смени сијалицата. Јас окото би му го извадила, но не и мојата Дуја. Мртва ладна застанала покрај него, го погледнала како некое, простимибоже, малоумно дете и му вели: ’Аууу Милодраже, како си ја завртел, секоја чест! Како само ја зарте, Милодраже, браво, па ни Свети Петар не би можел вака како теба“.

Милион книги не можат така верно да го покажат односот меѓу жена и маж во Босна како сликата на Миодраг како ја врти сијалицата после една година чекање, а Дуја го фали како да и изградил висечки градини.

И порано пишував за тоа како жената треба да се намачи за да ја собере во раката на еден Балканец, но малку е само еден текст, малку е еден живот да го појасни парадоксот на една просечна жена тука на Балканот.

Нешто гадно се има побркано тука. Јас не знам како поинаку да го објаснам сето ова, освен дека мажите сакаат жените да носат панталони.

Ете пред некој ден размислувам колку е паметна онаа една, мажот и сака да и купи автомобил. Но госпоѓата го одила. Е, сега секоја од нас ќе каже: „Дали си нормална жено!!!“ Но, нееее, нормална е таа. Проценила дека Лола сака да ја тргне од грбот и да и накалеми таа да оди по храна, таа да оди во градника по децата, таа да оди на пазар, таа да оди таму-ваму, по цел ден ко служба за достава, а тој да биде слободен ко птица.

И така да оди животот, секој на своја страна, па кога ќе се сретнат, ќе се сретнат. Нека благодарам, не ми треба мене автомобил – сепак дојди ти по мене, однеси ме кај фризер, кај козметичар, однеси го детето во градинка, а другото во школо, врати ја баба од болница, оди по тетка од Автобуска станица, оди до супермаркет.. А јас ќе се жалам како не смеам да возам бидејќи се плашам.

Па кој може вака, благо нејзе. Јас брате, никогаш не сум можела, а ни не знам. Јас штом ќе видам тој да се проѕева на воланот, ќе викнам: „Излегувај надвор“, ја дигам рачната и седнувам да возам. Ете будала. И потоа тој спие до Грција и следните три дена ужива на плажата додека јас офкам во полусвесна-полунесвесна состојба собирајќи ги децата, играчките, чадорот, надуваните гуми, фламинговци, кофичките и лебедите.

Затоа мислам дека e најдобро наместо сите оние (непотребни) брачни завети што ги читаат кога се венчаваш матичарите да им кажат искрено на жените дека првиот и основен закон во бракот е: НЕ ПОКАЖУВАЈ ДЕКА НЕШТО ЗНАЕШ, ДА НЕ СЕ ПОКАЕШ ПОСЛЕ ЈАКО:

Бидејќи ако во старт покажеш дека нешто можеш сама, дека нешто знаеш, дека сакаш да бидеш рамноправна и еднакво да допринесувате за заедницата, тогаш готова си! Па тоа ќе те нападне со лактите, ќе се потпре целосно на тебе, ќе ти се испружи на целиот грб, па на крај ќе почне да ти скока на главата. Само затоа што видел дека можеш да ја замениш неговата мајка. И има ли подобар живот за еден мажјак, а поголема робија за тебе?

И на крај кога повеќе нема да знаеш дали си машко или женско (жими мајка, сто пати се гледав во огледало за да проверам што сум), тој ќе ти каже: „Што си се запуштила, имаш бели влакна, кога мислиш да се офарбаш?“

Затоа родени сестри и госпоѓи, најдобро е да глумиме лудило. Насмевка на лицето, и само со леснотија.

„Што? Нема ручек? Па добро нема ручек. Оди јади во маркет. Немаш за сметки? Си купил дрон па немаме пари? Па добро, нема врска, ќе имаме следниот месец. Ако ни ја исечат струјата јас ќе си одам кај тетка ми во Макарска, малку да се одморам, во септември е најубаво покрај море…“

Да, затоа е најдобро никако да не ви паднало на ум да ги заковете оние две шајки што штрчат веќе шест месеци и можат на некој да му го извадат окото. Игнорирајте ги тие шајки и вратата и целата куќа, а кога тој ќе се закачи со ракавот и ќе ја скине новата кошула па ќе мора да ги закове, вие полудени од воодушевување кажете му „Аууу, како ја закова мајсторе, секоја чест! Ама како ја зачука, браво. Никој како тебе на овој свет не би ја заковал така.“

Е така, Госпоѓи да бидНеме и ние еднаш во животот.

Извор: Јелена Старчевиќ/ Lolamagazin

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close