News

Грците ги завеа, а Македонците на плажа! Погледнете ги неверојатните призори – зима и снег во септември

Некои се уште се на годишен одмор, а во Грција каде повеќето наши туристи се уште летуваат, падна првиот снег уште сега.

Многу туристи кои се уште го „трошат“ својот годишен одмор ширум летувалиштата во Грција, беа изненадени од призорот што го затекнаа деновиве. Имено, тие заминаа на летување, а таму е вистинска зима.

Во централниот дел од земјата падна и првиот снег

Не е необично во оваа земја да врне снег, но годинава дојде навистина рано. И тоа во септември, кога летувалиштата се уште се полни.

Секако, белиот појас се задржа во планинските предели, но температурите паднаа и во другите делови од земјата.

Погледнете како изгледа снегот во Грција кога не му е време.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close