Stars

Карлеуша во ова издание изгледа селски – џабе и се скапите парчиња, џабе и се трендовите …

Карлеуша овој пат навистина претера

Јелена Карлеуша дефинитивно важи за една од најголемите модни икони во регионот. Таа е позната трендсетерка која не само што ги следи светските трендови, туку знае и да ги носи па и ги создава, а тоа го имаат забележано и светските модни магазини кои досега неколку пати пишуваа за неа, и тоа најчесто споредувајќи ја со Ким Кардашијан.

Но таа дефинитивно некои трендови ги прави со поприлично доста кич и помешано до невкус, а така беше и неодамна кога пред белградскиот суд се појави облечена како за на модна ревија, а не за во судница. Имено, таа носеше парчиња од престижниот бренд Фенди од глава до пети, определувајќи се за кус фустан и чизми кои се целосно исшарани со лого на италијански бренд.

Но ако за нејзината комбинација можеме беа падон да кажеме дека вреска од кич, нејзината ташничка дефинитивно е нешто што секоја жена би сакала да го има. Имено, во прашање е култниот модел од Диор со големо, впечатливо лого, а за кој пејачката издвоила цели 3250 долари.

И ако на оваа сума ја додадеме цената на чизмите од 990 долари, потоа фустанот од 1.700 долари, и капутот кој исто така би чинел минимум 1000 долари, ќе дојдеме до сума од преку 7000 илјади долари, што еден просечен Балканец не може да ги заработи ни за две години.

Токму и затоа овој тренд да се носи брендирана облека со логоата на познатите брендови во најмала рака е невкусен, и изгледа поприлично селски, особено во држава во која повеќето се на работ на егзистенција.

Но целата приказна би била многу подобра кога наместо од глава до пети да биде облечена во брендирани парчиња, да се задржала само на еден детаљ и да комбинирала со нешто посуптилно и кежуал. Нешто што не трешти на сиот глас „погледни ме, јас сум супер ѕвезда, трошам илјадници евра за кич облека, а вие сте гладни, бедни и не сте вредни“.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close