Stars

Многу ѕвезди се појавија на свадбата на Стеван и Наташа, но не и Тања Савиќ – пејачката се огласи и ја откри вистинската причина за тоа

Познатиот пејач овој викенд го кажа своето судбонсоно ДА, а на свадбената церемонија присуствуваа бројни познати ѕвезди.

Стеван Анѓелковиќ се ожени со својата девојка Наташа со која и живее подолго време. По црковната церемонија свадбата продолжи на еден белградски сплав. Многу колеги и пријатели на Стеван беа на свадбата, а кума беше неговата пријателка, пејачката Милица Тодоровиќ.

На прославата присуствуваа речиси сите колеги од „Ѕвездите на Гранд“ од сезоната кога се натпреваруваше Стеван. Но, на свадбата не беше неговата добра пријателка, пејачката Тања Савиќ.

Сепак, причината не е никаква расправија, туку тоа што Тања не беше во можност да дојде на свадбата. Пејачката докажа дека со Стеван е во добри односи и со тоа што јавно му честиташе на својот колега.

Имено, таа на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од неговата венчавка со следната порака. „Се ожени мојот батко“.

Инаку, пејачката Тања Савиќ доживеа огромна популарност кога пред повеќе од десет години заплови во музичките води. Имаше големи хитови, стекна бројни фанови, а потоа според мислењата на многу бројни колеги во голема мера се променила откако се омажила за Душан Јованчевиќ во Австралија, која му роди два сина Максим и Ѓорѓе.

Откако решила да и се врати на музичката сцена, Тања не и беше лесно да си ја поврати старата слава – според анализите на естардните експерти, нејзините песни не доживеале голем успех.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close