Многумина се сомневаат дали постои вистинско пријателство помеѓу две жени. Но, астрологијата смета дека тоа делумно зависи и од хороскопскиот знак. Еве кои пријателки никогаш нема да ве издадат и треба да ги чувате добро.
Девица
Девиците се љубезни, храбри и секогаш знаат како да помогнат. Со дама Девица до неа, ниту една девојка нема да падне во неволја, бидејќи тие се подготвени за сè. Таа е грижлива, скромна, практична и предадена и способна да поправи се што е скршено. Ова е жена која постојано сака да помага и да ги прави среќни другите околу неа. Често, знае да се занесе во љубовта и да биде повредена, но мошне брзо го врти грбот и си заминува.
Скорпија
Тие се огнени и страсни и подготвени да одат низ се, за да ги заштитат луѓето што ги сакаат. Исклучително верни пријатели кои се до тебе во добро и лошо. Пријателствата ги одбира внимателно бидејќи според неа не секој е квалификуван да биде нејзин пријател. Страста управува со нивниот живот, па затоа можат подеднакво силно и да љубат и мразат, но многу ретко ги покажуваат своите чувства. Никогаш нема да заборават доколку некој не бил добар со нив и без сомнение со тек на време ќе му/ѝ се одмаздат.
Бик
Биковите се тврдоглави, мирни и избалансирани – ако барате утеха и слух, можете да ги најдете во нив. Тие никогаш нема да ве предадат и секогаш ќе размислуваат за вашите чувства и емоции. Покрај овие карактеристики, таа знае да биде и многу грижлива, полна со љубов, но и заводлива и неодолива за околината. Нејзината најголема моќ лежи во две победнички особини: чувствителност и трпеливост. Знае да биде многу љубезна и кротка, но тоа не значи дека со неа можете да манипулирате.