Ако некогаш сте помислиле дека за вашиот буџет подобро е овој додаток да го купите од евтина продавница, по читањето на ова сигурно ќе размислите уште еднаш!
Да, секако дека ќе заштедите неколку илјади денари. Ќе платите некои наочари 300 или 500 денари, наместо 10.000. Но, вашиот вид ќе страда многу! Иако ниската цена е доста примамлива и ќе ви заштеди доста од вашиот месечен буџет, експрертите советуваат и предупредуваат дека подобро е да заборавите на оваа ваша навика. „Нажалост, не е доволно познато дека таквите наочари не можат квалитетно да ги заменат индивидуално изработените, по рецепт на офтамолог. Зошто? Размислете само колку луѓе имаат еднакви диоптери на двете очи? Или колку луѓе страдаат од очни болести?“ Сѐ уште не сме свесни колку неисправните наочари со лоша пластика може да влијаат на нашето здравје.
Лошите стакла или пластика повеќе ќе ви штетат отколку што ви користат. Носењето наочари со неадекватни диоптери доведува до треперење пред очите, замаглен вид, замор на очите, солзење при работа, болки во очите и главоболка. Па, гледајќи вака, наочарите купени од кинеска продавница или пазар ќе ви донесат само штета, а никаква корист, па треба самите да си ја забраните оваа навика, а исто така и на оние кои ги сакате и ви значат. Затоа, препорачливо е да го слушате вашиот лекар и да ги почитувате неговите совети, па наочарите да ги купите од специјализирани продавници. Барем еднаш мислете на вашето здравје, а не само на заштеда. Запаметете дека превенцијата е најдобриот начин за што повеќе да го сочувате добриот вид, па потребно е што почесто да правите контроли кај вашиот лекар. После деталниот преглед, вашиот офтамолог ќе ви пропише адекватна корекција, ќе ви даде лекарски извштај и совети за понатамошно лекување.