Во 2014 година приватниот фонд Блекстон купи 20 % од акциите во модната куќа Версаче, додека останатиот дел остана во сопствеништво на семејството Версаче.
Престижната американска модна куќа Мајкл Корс ќе плати за луксузниот италијански моден бренд преку 2 милијарди долари.
Купувањето на Версаче е важна пресвртница за нашата компанија – изјави Џон Ајдол, претседателот и извршниот директор на Мајкл Корс. По договорот брендот ќе го промени своето корпоративно име во Капри Холдингс, а објаснувањето е иконската, гламурозна и луксузна дестинација.
Од американската компанија официјално соопштија дека Донатела Вераче сестрата на основачот на модната куќа, Џани Версаче, и во иднина ќе продолжи да ја води креативната визија на компанијата.
„Мојата страст никогаш не била посилна. Ова е совршено време за нашата компанија, која секогаш на прво место ја става креативноста и иновативноста во своите активности, да расте – изјави Донатела Версаче.
Минатата година компанијата Мајкл Корс за 900 милиони фунти ја купи компанијата за производство на чевли Џими Чу, иако пред да ја купи беше соочена со пад во продажбата на своите производи.
Приватниот фонд Блекстон купи 20 отсто од акциите во модната куќа Версаче во 2014 година како би пазареле со акциите на берзата. Но тогаш се уверија дека е слаба заинтересираноста за акциите за овој бренд.
Останатите 80 % останаа во сопственост на семејството Версаче.