Милица Тодоровиќ беше највесела на свадбата на Стеван Анѓелковиќ
Mилица Тодоровиќ овој викенд беше кума на свадбата на познатиот пејач Стеван Анѓелковиќ и неговата избраничка Наташа. Милица на церемонијата се појави со нејзиното момче Милош Пауновиќ,а друштво за време на прославата и правеше и Калиопи која објави и видео од свадбата.
Милица беше кума на младоженеците и со своето издание беше во центарот на вниманието. Таа на венчавката дојде облечена во необично издание така што впечатливото зелено здолниште го носеше со беш кошула, додека Калиопи, пак, беше облечена во црн долг фустан, со едноставен крој.
Пејачката за српските медиуми вели дека претходно немала прилика да биде кума и не ги знаела свадбените обичаи, но откако новинарите ја запрашаа што ќе им подари на младенците таа ги изненади сите со одговорот:
„Телевизор, ламба, правосмукалка, миксер. И он некогаш да готви…Ништо од тие обичаи не знаев, па ме поднаучија“, вели Милица.
Инаку, по црковното венчање Милица се пресоблече во нешто попровокативен фустан, со длабок шлиц и отворен грб, а целото издание го зачини со црна, кожена чанта со нитни и преубава фризура.