Lifestyle

Очаен Сириец ја бара својата ќерка од која го разделија хрватски полицајци: „Ве молам, помогнете! Алиса е сама, а има само пет години“

Еден Сириец преку Твитер и другите социјални мрежи ги моли луѓето да му помогнат да ја пронајде својата ќерка.

Неговата ќерка Алиса има само 5 години, а ја изгуби бидејќи од неа го одвоиле хрватските полицајци на граница и го вратиле во Босна и Херцеговина.

Несреќниот Сириец раскажува како неодамна со една група успеал преку Босна да стигне во Хрватска и по два дена одење пешки да стигне до селото Смољанац кое се наоѓа недалеку од Плитвичките езера.

Но бидејќи немале храна застанал во локалната продавница да купи намирници, храна и вода. Тука го фатила хрватската полиција, го ставила во автомобил и го вратила во Босна и Херцеговина. Им кажал дека тука му е ќерката, ги молел да не ги раздвојуваат. „Но тие не ми веруваа“ раскажува Сириецот во потресното видео што го објави на Твитер.

Тој вели дека не знае каде му е детето и ги моли сите што нешто знаат да се јават во полиција во Велика Кладуша или во најблиската полициска станица. Ја објави и мапата каде последен пат бил со неговата ќерка.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close