Stars

Емина и нејзиниот милионер конечно фатени во акција

Турските медиуми веќе подолго време не престануваат да брујат за новата врска на познатата пејачка со турскиот милионер.

Имено, романсата помеѓу познатата пејачка Емина Јаховиќ и богатиот Садетин Садан беше откриена поради ситни детали на кои и двајцата не обраќаа внимание. Па така турскиот милијардер неодамна објави фотографија на која познатата пејачка го бакнува во образ, што само ги потврди приказните дека се во тајна романса. Тој набргу ја избриша фотографијата, но тоа беше доцна бидејќи веќе беше објавена во повеќе медиуми и стана вирална.

Тој својата фотографија ја потпиша на по малку бизарен начин, со зборовите дека му недостига неговата ќерка, но медиумите поради младежот и обетките се сигурни дека станува збор за Емина.

Турските медиуми од тогаш ревносно го следат секој чекор на бизнисменот и пејачката за да ги фатат заедно, но досега несупешно.

На прашање за наводната врска со Садетин, Емина во една пригода им ги треснала само вратата од својот автомобил и заминала, додека тој џентлменски им кажал дека за такви работи никогаш не коментира.

Инаку, медиумите вчера соопштија и дека Емина во Белград доживеала сообраќајна несреќа поради која завршила во болница. Нејзиниот џип со кој управувал нејзиниот шофер, се судрил со автомобил на раскрсница во Нов Белград, а Емина била во шок поради настанот.

Таа завршила со неколку модринки и примила инфузија во болницата, по што била пуштена да си замине дома.

Емина потоа се огласи преку својот профил на Инстаграм дека е добро и ги замоли сите да не се крева преголема паника околу тоа.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close