Емина Јаховиќ деновиве е во центарот на вниманието откако турските медиуми објавија детали за нејзината наводна врска со тамошниот милионер Седатин Саран, а се појави и една нивна заедничка фотографија.
Сепак, Емина по овој повод се нема огласено. Таа се уште овие информации ги нема ниту потврдено, ниту демантирано, но на нејзиниот профил на социјалните мрежи се уште е активна како и досега.
Покрај фотографиите од секојдневниот живот, пејачката често знае да сподели фотографии и од нејзините млади денови, а последната што ја објави ги изненади сите, посебно поради коментарот на Емина.
Имено, додека многу дами од естрадата се обидуваат да ги сокријат своите естетски корекции, Емина отворено го призна тоа, па дури и се пошегува на своја сметка.
„Нино и јас во Њујорк пред 12 години. Пред мојата операција на носот и неговото слабеење“ – се пошегува Емина покрај објавената фотографија која за кратко време собра бројни лајкови и позитивни коментари.