Lifestyle

Дали се крстите секогаш кога ќе поминете покрај црква? Прочитајте дали е тоа помодарство, суеверие или најголем христијански чин

Севдоци сме дека веќе некое време луѓето кога ќе поминат покрај црква, без разлика дали влегуваа или само поминуваат покрај неа, се крстат.  И додека едни ова го сметаат како механичко дејство кое нема никаква поврзаност со религијата или со Бог, други овој чин го сметаат како израз на голема почит на верниците спрема светоста и религијата.

Прашањето кое се наметнува е дали ова нешто е минливо, феномен прифатен од мнозинството или христијански чин?

„Мислам дека овој чин е тотално христијански. Оној кој ќе осети потреба на тој начин, дури и за момент да се приближи до Бог, не прави ништо лошо. Крстот има две „линии“. Хоризонталната и вертикалната ја претставуваат и симболизираат љубовта спрема Бога“, изјави свештеникот Ѓурѓевиќ.

Од друга страна, социологот Ратко Божовиќ смета дека ова дело е вид на невербална комуникација, навика и механичка реакција.

„Мислам дека тоа е форма на навика или механичка реакција. Младите порано тоа не го правеле, а сега ги гледаме масовно како се крстат на јавни места. Тоа сигурно го имаат научено од постарите. Сепак, сфаќам дека кај поединци, сево ова е од психичката состојба. На овој начин се манифестира многу љубов кон Бог. Тоа е некаква емпатија, сензуалност, емоција …“, објаснува социологот.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close