Не постои идеално време за брак. Некои се подготвени во помлади години, други како повозрасни. Немаат сите исти цели: Некои сакаат да вложуваат во свото образование, а други пак да оформат свое семејство. Но, тука секогаш се досадните прашања од роднините и пријателите, кога девојките ќе надминат одредена возраст.
Истото ѝ се случило и на Лулу Џеемима, која има 32 години и е студентка на престижниот Универзитет Оксфор. Џемима во целост и се посветила на науката и немала време да си најде идеален партнер. Но , тоа не ги спречувало сите да ја прашаат зошто не се мажи и гога ќе виде невеста. Таа дури и не размислувала за љубов , зашто нила презафатена.
Таа е по потекло од Уганда, каде што многу е важно жената млада да се омажи и да има деца. Нејзиниот татко го напишал свадбениот говор за свадбата на својата ќерка уште кога Џемима имала 16 години.
За да ги прекине распрашувањата за нејзината венчавка , таа на роднините и пријателите им пратила покани за свадба. Изнајмила венчаница , стоела пред олтар , па дури и одржа говор пред гостите на кои им објасни зошто на 32 години нема партнер покрај себе. ,, Веднаш кога ги пратив поканите, почнаа телефонските јавувања и сите сакаа да знаат кој е младоженецот. Им реков дека ќе бидат изненадени.” , вели Џемима.
На свадбената прослава имала 279 гости и од парите кои ги добила како свадбен подарок, таа планира да си го плати понатамошното школувње.
Ова уште еднаш потврдува дека не треба да се мешаме во туѓите животи. Секој си го планира своето време и си ја крои својата среќа!