Специјалните единици од АРМ утврдија дека во прашање се пелени?
Вчера околу полноќ дојде специјална екипа на АРМ која ја утврди причината за неподносливата миризба што се ширеше во една зграда во Скопје.
Во прашање е зграда која се наоѓа на булеварот Кузман Јосифовски Питу 15 во ТЦ„Скопјанка“ во скопската општина Аеродром, што значи речиси во центарот на Скопје. Во исиот стан и пред 20 години интервенирала Пожарната бидејќи сопствениците вареле ракија во него.
Од зградата вчера околу 18 часот беа евакуирани станарите откако станарите почувствувале остра миризба. Најпрво, околу 15 часот, миризбата била послаба, мирисало на лук, па на пиперка, за по неколку часа да стане неподносливо и станарите да ги напуштат домовите. Тие пред камерите се жалеа дека ги печеле очите, а еден станар почувствувал дури и мачнина во желудникот. Во полиција беше пријавено дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите па поради остриот мирис кој го отежнува дишењето беа евакуирани и останатите жители во станбениот објект. Една госпоѓа која е станарка во зградата, пред камерите изјави дека мирисот го почувствувале и во домот, и дека станува збор за остар мирис од кој ги печеле дури и очите. Тие беа принудени да седат пред зградата додека интервенирале Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, но чекале да дојдат и други служби.
Вистинската причина за реата е утврдена дури вечерта, околу 12 часот откако дошле специјалните единици на АРМ. Претходно ниту полицајците, ниту пожарникарите не можеа со часови да утврдат од каде доаѓа миризбата бидејќи влегуваа во зградата без заштитни маски и за многу кратко време излегуваа. Дури откако дојдоа специјалните единици на АРМ за атомска, биолошка и хемиска одбрана (!) беа откриени купишта пелени со измет и урина кои биле причината за неподносливата остра миризба која ги натерала сопствениците да ги напуштат домовите.
Во станот во кој се најдени пелените живееле две жени, мајка и ќерка. Мајката е стара, има 90 години, додека нејзината ќерка околу шеесет. Жителите велат дека се свесни дека имало проблеми со хигиената во нивниот стан, но никој не верувал дека може да се случи нешто вакво.
„Пред дваесетина години ја викнавме Пожарната оти излегуваше чад од станот, мислевме дека избил пожар. Но кога влегоа, пожарникарите констатираа дека мажот на ќерката кој сега е починат, ставил казан во станот и вари ракија“, велат станари кои живеат во зградата“, а пренесе порталот СДК..
Инаку, на лице место беше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој беше со станарите додека траеше неизвесноста, а откако специјалната единица на АРМ за атомска, биолошка и хемиска одбрана (АБХО) влезе во станот, им кажа на граѓаните дека за неколку часа може да се вратат во своите домови и дека не станува збор за некое хемиско средство.
Веројатно знаете во текот на попладневните часови од влезот 1 пријавија непријатна миризба и кашлање. Влезот од зградата беше евакуиран, го обезбедивме просторот, моравме да повикаме посебни единици кои испитаа ниво на токисини. Во станот 11 е откриена просторија преполна со користени мелни пелени кои не биле фрлени и има зголемена количина на амонијак, што не е штетно по здравјето. Во станот 11 се врши увид, каде што се наоѓа изворот. Потоа ќе се пристапи со дезинфекција на целата зграда. Повикани се и од Центарот за социјални грижи за станарите од станот 11. Живеат две жени во тој стан, едната е скоро 90годишна жена. Обезбедивме заштита на граѓаните и немаме пријавено последици, рече Шилегов.
Станарите вечерва ќе можат безбедно да се вратат во своите домови.