Stars

Жељко Јоксимовиќ во скинати фармерки, а Јована во чизми со кои ги шокираше обожавателите

Познатата водителка е позната и по својот беспрекорен стил кој многу дами радо го копираат, но со оваа комбинација ги шокираше сите.

Имено, Јована Јоксимовиќ на 2 октомври го прослави 1 роденден на своите близначки Срна и Ана, а сите ја забележаа нејзината необична модна комбинација. Популарната водителка е позната по својот специфичен моден вкус, но овој пат мислењата се поделени.

Имено, водителката се појави во розов фустан со сако во иста боја, а облече и необични чизми во жолта боја со мотиви од детски анимиран филм.

Ваквите чорапи чизми инспирирани од цртаните филмови од осумдесеттите години на минатиот век се продаваат по цена од 2294 долар и се од еден од најпознатите светски модни брендови.

За разлика од Јована која екстравагантните чизми ги носеше кусо фустанче и долго сако со подвиткани ракави, Жељко носеше тесни скинати фармерки во сива нијанса, патики и тексас кошула.

Па, што ќе кажете за ова издание на познатиот пар?

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close