Меланија Трамп својот пат во Африка го заврши со посета на Египет.
Таа позираше пред комплексот со пирамиди и Сфингата и испрати важна порака за која никој не зборува, но наместо тоа сите зборуваат за еден детаљ што го имаше на себе првата дама на Америка.
Имено, поранешната манекенка од Африка сакаше да им испрати порака на луѓето дека Америка се грижи и за нив. Тоа беше првата самостојна официјална посета на Меланија Трамп во странство, и ретка пригода кога разговараше со новинарите, и тоа без присуство на сопругот.
Инаку, Доналд неодамна за имигрантите од Африка изјави дека тоа се „луѓе кои доаѓаат од по*рани земји“, а Меланија во оваа пригода изјави дека никогаш не слушнала дека Доналд тоа го кажал и дека целата приказна доаѓа од анонимен извор, што доста зборува за автентичноста.
„Не се согласувам секогаш со твитовите на мојот сопруг, и тоа често ќе му го кажам“, порачува Меланија и додаде дека би сакала луѓето помалку да расправаат за нејзината облека, а повеќе за она што го прави.
Сепак, таа и овој пат не беше поштедена од модната критика.
Имено, социјалните мрежи веднаш беа преплавени со фотографии од неа и Мајкл Џексон на кои според твитерашите носат ист шешир.
„Прво глуми колонијалистка, а потоа Индијана Џонс или Мајкл Џексон. Само не брука низ светот“, велат на Твитер за Меланија.
Но судејќи според реакциите, намерите на Меланија да му покаже на народот на Африка дека Америка се грижи за нив помина потполно незабележително, како и нејзината молба да не се фокусираат само на нејзиниот изглед.