Пејачката ужива во својата блажена состојба
Александра Пријовиќ наскоро за прв пат ќе стане мајка. Веста за нејзината бременост сигурно никого не израдувала како нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, а откако беше потврдена, никој не може да го дочека моментот кога на пејачката ќе и се познае убаво трудничкииот стомак.
Токму и затоа нејзините фотографии на кои позира во костими за капење, а кои редовно ги објавува на социјалните мрежи, предизвикуваат голем интерес кај јавноста. Таа тоа го направи и додека беше на одмор во Јамајка од каде ги почести своите обожаватели со неколку егзотични фотографии.
Ова издание привлече големо внимание, Александра никогаш подобро не изгледала, и покрај тоа што се обиде да го сокрие трудничкиот стомак со костимот за капење.
Иако се уште убаво не се гледа дека е во блажена состојба, Александра веќе е прогласена за една од најубавите трудници на Балканот.
Брена не може да ги сокрие емоциите
Свекрвата на Пријовиќ, Лепа Брена не може да ги сокрие емоциите кога зборува за нејзината неа. Имено, таа е возбудена затоа што Александра следната година треба да се породи и да го донесе нивното прво внуче во домот.
На прашањето кој се променил повеќе Александра или Филип откако двајцата дознаа дека ќе станат родители, Лепа Брена одговори дека Филип од секогаш бил поразумен. Таа додаде и дека среќната вест ја дознале од нејзиниот сопруг, Боба, и кога тој им соопштил сите плачеле од радост.
„Еве и сега кога зборувам за ова ми доаѓаат солзи на очите и ми иде да заплачам. Тоа се неконтролирани емоции, јас не знам како ќе го дочекам март да се породи“, вели Брена за Александра.