Бали Бег и неговата преубава колешка Фахрије Евџен пред нешто повеќе од година дена за заколнаа на вечна љубов на интимната церемонија на Босфорот и од тогаш ужива во брачниот живот.
Но очигледно дека на познатиот турски актер во последно време не му цветаат рози, а тоа го потврдија и бројните вести за него дека поминува низ тежок период од животот и дека се соочува со депресија. Но ова не е прв пат Бали-бег да пребродува низ тежок период во животот.
Имено, неговата прва голема љубов, девојката што ја сакаше пред Фахрије, му го скрши срцето.
Во прашање е поранешната водителка на „Фешн ТВ“, Џејлан Чапи.
Џејлан и Бурак беа во повеќегодишна романса, поточно се сакаа две и пол години. Но тие дефинитивно ја завршија нивната врска во 2014 година, а долго време се шпекулираше која беше причината за тоа.
Тоа беше така се додека во еден турски таблоид не одекна веста дека Џејлан всушност го пронашла Бурак во кревет со друг маж, па затоа го оставила, но, подоцна се дозна дека вистинската причина е што Џејлан потекнува од богато семејство, а Бурак отсекогаш бил скромно воспитуван. Крајот на нивната врска беше неизбежен, а Бурак поради тоа остана со скршено срце.
„Многу брзо откако раскинавме почнав многу да работам и да се претрупувам со работа. Ја запознав Фахрије, са која прво бевме само пријатели. Искуството ме научи дека љубовта може да биде опасна, а поради неа не сакав повторно да ја изгубам главата. Фахрије ме увери дека вистинската љубов сепак постои“, изјави Бурак своевремено за неговата сегашна сопруга.