Весна Змијанац со овој стајлинг ги воодушеви сите
Откако се појави на медиумското небо Весна важи за секс симбол на просторите на поранешните југословенски републики, а и сега, речиси 40 години подоцна, приказната не се разликува многу.
Весна иако веќе е во седмата деценија од животот, води сметка за својот физички изглед, а исто така доста вложува и во својот гардеробер.
Тоа можеме да го видиме и од овие фотографии на кои носи поприлично провокативен стајлинг. Во прашање е долг фустан од тантела, под кој се гледаше нејзината долна облека, па многумина можеа да забележат дека изгубила неколку килограми и сега зрачи со својата позитивна енергија.
Каква мајка, таква ќерка
Инаку, по стапките на Весна која важи за една од најдобрите естрадни уметници на Балканот, тргна и нејзината ќерка Николија Јовановиќ. Интересно е тоа што нејзиниот сопруг, со кого ја доби Николија, речиси никогаш се нема појавувано во медиумите. Во прашање е првиот сопруг на Весна Змијанац кој е доктор по економски науки, Влада Јовановиќ, со кого во 1989 ја доби Николија.
По разводот од Весна, Владо се ожени со друга.
Погледнете уште неколку интересни комбинации на Весна, но и на нејзината ќерка Николија која е популарна исто така.