Бурак и Фахрије кога им го поставија прашањето дали наскоро очекуваат бебе го дадоа следниот одговор кој ги изненади сите.
Откако познатиот турски пар Фахрије Евџен и Бурак Озчивит се венчаа минатата година, таблоидите постојано објавуваат гласини дека убавата избраничката на Бали-бег е бремена бидејќи тоа и го крева тиражот.
Но овој пат веста доаѓа од Хуриет, кој важи за сериозен медиум во Турција. Според нив, Фахрије е во втори месец од бременоста, и кога дознала од докторот за среќната вест, се расплакала од радост.
Бурак и Фахрије досега официјално не ја потврдиле, ни демантирале ваквата вест, но секогаш кога новинарите ќе ги прашаат дали очекуваат принова, тие одговараат „Да, сакаме да имам дете и тоа што побрзо“.
Но дали овој пат Фахрије навистина е бремена или не, набргу ќе се дознае. Впрочем бременоста не е нешто што може да се крие
Инаку, Бурак поради новата улога на Осман хан во новата серија мора да го промени имиџот. Тој ја пушта косата и брадата, но неговата промена им се допаѓа на сите, а најмногу на Фахрије: „Не јас немам ништо против. Бурак ми се допаѓа во секакво издание“, вели таа за турските медиуми.
Проблемите на Бали-бег
Турските медиуми неодамна пишуваа и дека Бали-Бег боледува од таканаречениот „синдром на согорување“, а неговата единствена потпора во моментов е токму неговата сопругата Фахрије Евџен која исто така минатата година помина низ многу тежок период.
Бали-бег неодамна одлучи и јавно да се огласи во врска со неговите проблеми и порача: „Да, во последно време се чувствувам депресивно. Потребен ми е одмор и секако во скоро време нема да ме видите како работам.“
Од истиот синдром боледуваше и неговата колешка Мерјем Узерли кога го напушти снимањето на „Сулејман Величествениот“.