Колумбиската актерка Ајлин Морено прозборе јавно за кошмарот низ кој поминале со нејзиното момче Алехандро Гарсија.
Таа призна дека нејзиното момче крвнички ја претепало, а како доказ ги објави фотографиите и видеото со крвавото лице..
Ајлин зборуваше отворено за кошмарот кој го проживеала со Гарсија и тврди дека е изложена на брутално насилство, па одлучила да објави фотографии и снимки од отеченото и крваво лице.
Парот живее во Мексико, каде актерката побарала помош од полицијата. Сега сака да им помогне на другите жени, жртви на насилство во семејството, па започнала кампања. Многу познати личности, но и фанови, ја поддржале и ги изнеле сопствените искуства.
На 13. септември Морена гостувала на радио „W Radio Colombia”“ каде ги опишала деталите од злоставувањето. Таа раскажала дека се скарале со нејзиното момче поради нејзините постови на Инстаграм, по што му се заканила дека ќе се врати дома во Колумбија.
Според нејзините зборови, Гарсија ја удрил кога од него го побарала пасошот за да се врати во Колумбија. После тоа се сокрила кај својот менаџер Габриел Бланко, а потоа отишла во полиција, од каде ја пренеле во болница за да побара лекарска помош.
Алехандро Гарсија на Инстаграм споделил аудио-снимка од јули 2018. година, која го илустрира нивниот однос. Актерката го пцуе и делува како да го удира. Гарсија најавил дека ќе објави и други содржини за јавноста да види која е „вистинската Ајлин”.