Lifestyle

Среќен татко: Водителот Ненад Ѓорѓиевски ужива со своите близначиња (Фото)

Познатиот водител Ненад Ѓорѓиевски е во брак со Горана и тие двајца се горди родители на близначињата Љупка и Иво. Токму тие им беа инспирација да ја реализираат детската емисија „Мини вест“, каде што децата одлично се снаоѓаат во улога на професионални презентери и репортери.

Ненад и Горана се многу посветени родители и дома им е навистина весело. Наутро одат во градинка и Ненад и Горана само тогаш излегуваат сами. Ноќта по 20 часот е резервирана за домашните активности и забави со децата.

„Во 7 часот сме сите на ‘нога’ без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и мнооогу играње во нашиот дом. Кога сакаме спортуваме ,а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет“, вели водителот.

Со оглед на тоа што на Ненад ова му била желба отсекогаш, сега успева да се оствари како родител на близнаци. Тие се сами и немаат помош од други, па уште од првиот ден грижите се само нивни. Ненад и Горана добро се сложуваат, па успеваат да си ги поделат обврските и максимално да им се посветат на децата. Понекогаш спортуваат, а кога се прилично мрзеливи се трудат да бидат креативни така што цртаат или прават фигури со пластелин.

Ненад и Горана партнери се и на работа, во нивната продукција „Хит Медиа“ и дома. Тие се во брак 8 години, а последниве години им се сосема поинакви.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close