Реформите денес беа најавени на прес-конфереција во Владата, од страна на премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална политика и финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски.
Покрај зголемувањето на износите на социјалната помош за околу 300 отсто на прес-конференцијата беше соопштено и дека ќе биде зголемен и бројот на приматели на социјална помош и опфатот на семејствата со социјален ризик, а ќе се воведе активационен процес, односно подготовка на социјалните случаи за пазарот на трудот како полесно би нашле работа.
– Четиричлено семејство со две возрасни деца и едно лице кое е неработоспособно месечно ќе добива 11.700 денари. – рече министерката Мила Царовска
Министерката Мила Царовска изјави дека четиричлено семејство со две возрасни деца и едно лице кое е неработоспособно месечно ќе добива 11.700 денари. „Трите лица влегуваат во системот на активација, односно поддршка за подготовка за вработување. Типично четиричлено семејство со две малолетни деца ќе добива 10.600 денари од кои денес 70 отсто од овие лица имаат 3.029 денари и тоа ги доведува во дополнителен ризик. Разликата е над 7.000 денар или 300 отсто“ изјави Мила. Таа појасни дека се зголемува опфатот на семејства, односно деца кои ќе примаат детски додаток и образовен додаток.
Главна цел на реформите е да се реши проблемот со детската сиромаштија. Тоа е нашата таргет, изјави Царовска и додаде дека детски додаток сега примаат многу малку деца, вкупно 3.200 деца. „Ваков додаток примаат само оние семејства кои имаа приход од 10.000 денари. Со реформата овој додаток ќе го примаат 73.500 деца“ вели таа. „Семејствата со минимална плата од 12.165 денари во наредните години ќе имаат месечен приход од 15.465 денари.“
„Во овие приходи влегуваат детскиот додаток од 1.600 денари и образовниот додаток од 1.700 денари. Оние пак со право на минимална гарантирана помош ќе земаат 10.600 денари, во кои влегуваат детскиот образовниот додаток, како и енергетскиот додаток“ – појасни Царовска.
„Наша цел е да ги научиме да ловат риби не да им даваме риби, како што вели поговорката. Да ги подготвивме да работат“ изјави пак премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција и додаде дека оние кои ќе одбијат два пати работа ќе ја изгубат социјалната помош.
„Воведуваме европски стандарди на социјална заштита, повеќе правда и социјална заштита“ – рече Заев.