Милена Антовска која пред една година стана мајка деновиве сподели видео кое ги воодушеви нејзините обожаватели.
Имено, водителката која од пред некое време повторно се врати на малите телевизиски екрани започна со нов проект. Во прашање е нова емисија која ќе се вика „Сподели проблем со Милена“. По тој повод деновиве беше објавено видео најава за нејзината нова емисија, а Милена ја снимаше нејзината ќерка Лана додека стои пред екранот и ја гледа мама.
Водителката која порано ја гледавме во утринската програма под видеото што го објави на нејзиниот профил на Фејсбук напиша „Љубовна моја ме гледа“, а нејзините пријатели и обожаватели беа воодушевени од него.
Инаку, Милена се омажи минатата година со Гордан Станковски со кого подолго време беа во врска. Свадбената церемонија беше во Бигорски манастир, а на водителката и се познаваше мешето во венчаницата.
Таа за многу кратко време по бременоста повторно се врати во форма, па сега во улога на мајка, изгледа дури и подобро отколку пред бременоста.