Lifestyle

Фатална плавуша му испрати на поранешниот фотографија од секс со друг: тој потоа полуди и направи нешто за што ќе се кае до крајот на животот

29 годишната девојка од Америка призна дека на поранешното момче му испратила експлицитна фотографија од секс со новиот љубовник и на тој начин го поттикнала на насилство.

Една фатална русокоса, 29 годишната Сара Бремли, призна дека го поттикнала своето поранешно момче на насилство, кое заврши со убиство, така што му испратила фотографија на која се гледа дека има секс со новиот љубовник, пишува Мирор.

Таа на судот се изјасни за виновна за поттикнување или помагање во извршување на казнено дело. Имено, таа во манирот на нео-ноир филмовите, му испратила на поранешното момче, 33 годишниот Дејвид Сандерс фотографија од секс со 34 годишниот Мишел Лавсон. Наводно, нејзината желба била нејзиното поранешно момче само да го нападне Лавсон, но не и да го убие.

Многу брзо откако ја добил фотографијата, на 1 јули минатата година, Сандерс ја изгуби контролата и во љубомора со кујнски ноќ го убил во срце Лавсон, инаку татко на едно дете. Жртвата починала од самиот убод, а Сандерс поради убиството добил доживотен завор, со минимално траење од 22 години.

Фото: Мирор

 

Бремли пред нападот му удрила шамар на Лавсон и му кажала да ја напушти куќата

По сексот со Лавсон и откако му ја испратила фотографијата на Сандерс, Бремли наводно го му удрила шлаканица на Лавсон и му кажала да ја напушти куќата. „Само што го удрив момчето во лицето бидејќи не секаше да си замине. Во што се вплеткав?“ наводно напишала во пораката на Сандерс и му кажала дека Лавсон е пред куќата и дека може да го истепа.

Сандерс го призна убиството и се обиде да го намали времетраењето на минималната казна велејќи дека со себе не носел нож и дека воопшто не му била намерата да го убие Мишел. Од друга страна на Бремли и е одобрена кауција и може да се соочи со шест месеци затвор поради тоа што поранешното момче го поттикнала на ова свирепо убиство.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close