Lifestyle

Петгодишната Миа има неверојатно долги локни поради кои сите ја бараат за модел

Миа Афлало од Тел Авив има само пет години и веќе се има појавено на страните на британскиот моден магазин Вог. Тоа може да го заблагодари на својата бујна и долга коса како и нејзините преубави зелени очи поради кои на Инстаграм за многу кратко време стекна голем број обожаватели.

Стилистите сакаат да соработуваат со неа бидејќи не се жали, не се кара, има трпение и постојано се смее . Таа толку ги импресионираше луѓето во светот на модата што веќе ја нарекоа принцеза.

Нејзините фризури често се импресионирани од оние што ги носат познатите ѕвезди. Па така на една фотографија позира со високо коњско опавче како Џенифер Лопез.

Но иако повеќето и се диват има и такви кои ги критикуваат нејзините родители и сметаат дека таквиот стил е неприкладен за петгодишно дете.

Миа, Инстаграм

„Да имам ќерка, не би и дозволил да изгледа така“. „Што ако педофил ги види овие фотографи. Треба да престанете да ја покажувате вашата ќерка и да ја заштитите“. „Нема само родители на Инстаграм, постојат и други лоши луѓе на овој свет. Ги доведувате во опасност нејзиниот живот, нејзината сегашност и иднина, како и менталното здравје“ се само некои од коментарите што можат да се прочитаат под фотографиите на малата Миа.

Миа, Инстаграм

 

Миа, Инстаграм

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close