Откриена е метода што војниците ја користат за да си обезбедат доволно сон, а која наводно гарантира дека ќе заспиете за само две минути.
Едноставниот систем што го користи најмоќната војска на светот е опишан во книгата „Relax and Win: Championship Performance“ каде пишува дека методата има 96 отсто успешност, но по неколку недели вежбање, пишува „The Sun“.
Методата е осмислена кога во војската сфатиле дека многу нивни пилоти прават грешки поради стресот и недостаток на сон. Дури и кога не биле во смена, пилотите беа уморни и не можеа да се опуштат и да се наспијат. Нивниот стрес се собираше и така ќе направеа некоја фатална грешка. Затоа оваа метода за нив наводно прави чуда.
Еве како функционира:
Прв чекор – опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи го и јазикот, вилицата и мускулите околу очите.
Втор чекор – спуштете ги рамениците ниско колку што можете пред да го опуштите горниот и долниот дел од едната рака, па од другата.
Трет чекор – испуштете воздух, опуштете ги градите и потоа полека опуштете ги и нозете, почнувајќи од пределот на колковите.
Четврт чекор – по десет секунди длабока релаксација следниот чекор е потполно да го исчистите умот.
Авторот на книгата Лојд Бад Винтер сугерира дека една од овие три слики можат да помогнат.
Лежите во кану на мирно езеро, ништо освен сино небо нема над вас
Лежите стуткани во црна кадифена мрежа во потемнета соба.
Повтарајте ги зборовите: „Не мисли, не мисли“ едно десет секунди