News

Камчев за Мијалков: „Точно е дека бевме пријатели, но зошто се скаравме останува меѓу нас“

Орце Камчев во интервјуто за порталот Фактор призна дека со Мијалков не се во добри односи, но и негира дека додека Мијалков бил прв човек на УБК имале заеднички бизниси и дека биле приватно блиски.

Камчев ги потврува шпекулациите дека повеќе не се пријатели но и дека не се точни шпекулациите што се шират за тоа зошто се скарале.

„Директни бизнис релации со Сашо Мијалков додека бил функциониер сум немал никогаш, тоа го гарантирам и стојам позади тоа што го зборувам. Ниту денеска имам такви бизнис релации , доколку има некој акции, некои негови фирми, од неговите деца во некои акционерски друштва, јас тоа не можам да го забранам бидејќи има илјадници акционери, меѓутоа во управувачка структура, во структура која е управувачки одбор или слично тело немаме такви релации. Точно е дека бевме пријатели, повеќе не сме пријатели, а причините се различни во однос на тоа што се шпекулациите, но тоа останува меѓу нас двајцата“– вели Камчев.

Што се однесува до референдумот и договорот што го потпиша Заев со Грција, Камчев вели дека е за договор со Грција како и што е за договор со Бугарија. Според него Македонија досега немала похрабар лидер од Зоран Заев и ова е историски договор со кој Македонија би можела да тргне напред.

„Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност…“ вели познатиот бизнисмен во интервјуто.

Извор: Фактор

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close