News

Добра вест за Македонците што живеат во Германија – македонските возачки дозволи ќе бидат признати и ќе можат да се заменат и без полагање

Македонските државјани во Германија според новиот закон ќе можат да ги заменат македонските дозволи со германски.

Македонското Министерство за внатрешни работи и германското Министерство за сообраќај во вторник конечно ќе го потпишат договорот за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи во двете земји. Договорот би требало да стапи во сила веднаш, што значи дека набрзо ќе можат да се заменуваат македонските возачки дозволи во Германија, и обратно.

Тоа ќе им заштеди време и најмалку 1.500 евра колку што чини полагање за возачки испит во Германија.

Неколку други земји од регионот, како Србија и Босна и Херцеговина веќе подолго време имаат вакви билатерални договори со Германија и нивните државјани без проблеми можат да управуваат моторни возила во земјата, без ограничувања.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close