Миљана Кулиќ доби задача од Големиот шеф да го изнесе своето мислење за останатите во Задруга.
Таа стана и пред сите го кажа своето мислење за останатите учесници во шоуто, а кога дојде да ја коментира Станија Добројевиќ, Кулиќ жестоко распали и изнесе многу навреди на нејзина сметка.
Станија се однесува како типична „фуњара“ (расипанковица). Еве сега ќе ви кажам. Давид е зафатено момче и таа како оние ортодоксни расипаници му кажа на Давид дека знае дека не е имун на неа, а тој дури не ја ни погледна. Зошто се однесува така, вели Миљана за познатата старлета.
По ова таа продолжи со своето излагање и ги коментираше и другите задругари.
„Најдобар впечаток ми оставија Мирко, Злата и Снежа. Мислам дека Боро не може да функционира без неговата девојка во ријалитито. Александра нема лоша душа, но сака да боцка поради шоуто. Седумдесет отсто од луѓето тука е незаинтересирано. Владимир прави како и Станија. Но тој не и се допаѓа на Станија и во тоа сум сигурна.“
„За Барбиката (Доротеа) ќе кажам дека имав високо мислење, но повеќе не. Мама е голем потенцијал. Петруќ ми е многу монотон, досаден. Дамир се обидува по секоја цена да дојде до кадар. Снежана ми е најинтересна, дури влезена е во филм и дека добила работа“, вели Миљана.